Кака го доби најчудниот жолт картон во кариерата (Видео)

Рикардо Кака дефинитивно е еден од најдобрите играчи во изминативе 20-тина години во светскиот фудбал. Тој е еден од осумте играчи во историјата кои може да се пофалат дека успеале да освојат Лига на шампиони на клупско ниво, да бидат светски прваци на репрезентативен план и да ја добијат Златната топка.

Бразилецот, кој се прослави играјќи за Милан и Реал Мадрид, кариерата ја заврши во 2017 година како играч на Орландо. Кака уште игра фудбал, најчесто на хуманитарни дуели, како што беше тој меѓу Израел и Бразил. Токму на тој меч се виде колку Кака уште е популарен.

Во еден момент, Кака ја имаше топката во своите нозе, тргна во напад, а судијката досуди прекин. Тргна кон Кака, му покажа жолт картон, а сите се чудеа зошто го направи тоа. Потоа судијката од џебот извади мобилен телефон и напрафи селфи со бразилската ѕвезда.

https://twitter.com/i/status/1189293433539780608

 

- Оглас -

Најнови вести