Кака кратко и јасно го опиша најлошиот момент во кариерата

Рикардо Кака своевремено беше најдобар фудбалер на светот, а најдобрите партии ги пружи носејќи го дресот на седумкратниот европски првак Милан. Во кариерата освои бројни трофеи и индивидуални награди, но еден момент и по една и пол деценија не може да го заборави.

Кака кратко и јасно кажа кој е најлошниот момент во кариерата: „Истанбул, 2005 година“. Се однесува за финалето во ЛШ меѓу Милан и Ливерпул, во кое Росонерите и по водството од 3-0 на полувремето, останаа без европската титула. Ливерпул надополни три гола негатива во вториот дел и се избори за продолженија, односно пенали, во кои Јержи Дудек со своите одбрани се истакна како херој за Црвените.

Сепак, бразилскиот виртуоз две години подоцна успеа со Милан да му се реваншира на Ливерпул со конечни 2-1 во финалето кое се одигра во Атина. Тоа беше годината кога Кака ја освои Златната топка и беше прогласен за најдобар играч според ФИФА.

- Оглас -

Најнови вести