Како би го прогнозирале најголемото дерби во Англија?

Пеколно може да биде ова коло на Спортска прогноза ако се знае какви дерби-дуели има на понудата. Сепак, вистинските обложувачки уживаат во предизвикот да ги погодат дерби-мечевите, кои овојпат ги има неколку.

Ливерпул ќе го пречека Манчестер јунајтед во дуел на двете најдобропласирани екипи во Премиер лигата. Домаќините се фаворити, а и според досегашните прогнози, од повеќе од 1.200 играчи, над 60 отсто веруваат во „кец“.

Викендов се игра и „Дербито на Италија“ меѓу Интер и Јувентус, а тука владее многу поголема поделеност во досегашните направени прогнози. Да имаше дозвола за присуство на навивачи, „ќе гореше“ Истанбул затоа што играат и Бешикташ – Галатасарај, додека во Холандија, Ајакс е домаќин на Феенорд.

На понудата има и мечеви кои не се толку звучни, но секако се исто важни во обидот да се стигне до Среќна 13-ка, односно да се погодат сите 13 пара, што ја носи и главната премија „ајфон 11“.

Во минатото коло, само еден гол фалеше за Горан да ги има погодено сите 13 пара, а мораше да се задоволи со вредносен ваучер од 1.000 денари, кој се доделува за 12-ка. Имаше и 11 прогнозери со 11 погодоци кои добија ваучери од по 500 денари, што само е доказ дека секој викенд треба да се игра Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести