Како да има Лига на шампиони по полноќ: Реал ќе го победи Арсенал, Баерн е пресилен за Милан

Реал Мадрид – Арсенал (1:00 ч.)

Кралскиот клуб со пораз од Баерн ги почна мечевите на Интернационалниот куп на шампиони, додека Арсенал игра одлично и има победи против Баерн и Фиорентина. Реал и во првенството од минатата сезона имаше три порази на последните четири средби, што значи дека четири пати губи на последните пет дуели на коишто играше, што е многу некарактеристично за најтрофејниот шпански тим.

Азар полека се прилагодува во новиот клуб, а Белгиецот се надева дека уште еднаш ќе одигра блескаво против Арсенал. Пред два месеци во финалето на Лигата на Европа, Азар како играч на Челзи даде два гола, а имаше и една асистенција против Топчиите.

Последните три меѓусебни дуели на Реал и Арсенал велат дека Кралевите не дале ниту еден гол, а двапати загубиле, па време е на овој пријателски меч таа лоша низа да биде прекината.

Предлог тип: 1&3+ (2.65)

 

Баерн Минхен – Милан (3:00 ч.)

Ова е дерби, но само за старите добри времиња на Милан. Росонерите веќе неколку години се далеку од европската елита, па во новата сезона воопшто нема ни да играат во натпреварувањата на УЕФА. Ако се гледаат составите на двата тима, повеќе од јасно е дека германскиот првак е голем фаворит.

Сепак, Милан се радувал на последните два меча на овие екипи, и тоа два пати на Интернационалниот куп на шампионите. Пред две години калчолигашот победи убедливо со 4:0, а една година претходно беше 3:3, па на пенали Росонерите беа подобри. Тие дуели се најава дека и сега треба да има погодоци

Предлог тип: Т1 2+&ГГ (2.03)

 

Гвадалахара – Атлетико Мадрид (3:00 ч.)

Тимот кој се научи да губи е Гвадалахара. Чудно, но вистинито е дека мексиканскиот тим има 13 порази во последните 15 меча што ги одигра. На Интернационалниот куп на шампионите загуби од Бенфика и Фиорентина, па сега не се очекува ништо друго освен пораз и против Атлетико Мадрид.

За Јорганџиите ова е прв посериозен тест во подготовките, а треба да видат како ќе функционираат без Антоан Гриезман и како ќе се снајде новото засилување Жоао Феликс.

Предлог тип: 4+ (2.02)

 

Фигејренсе – Парана (00:15 ч.)

Дерби во втората бразилска лига. Домаќините со победа може да влезат во топ 4. Фигејренсе дома има три победи и две ремија без пораз, но и Парана е одличен гостин само со еден неуспех во пет меча. Интересно е што последните пет меѓусебни средби завршувале со 0-1 гол, што покажува дека најчесто ова се неизвесни дуели и еден потег може да го реши победникот.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.83)

 

- Оглас -

Најнови вести