Како Данк го сопре Кејн – Рецептот е многу борење, малку фудбал и отсутен судија (Видео)

Тотенхем претрпе тежок пораз од Брајтон, а домаќините со цврста, на моменти и прегруба игра успеаја да го декласираат фаворитот и да го победат со 3:0.

Како да се чува Хари Кејн, беше главната дилема на играчите на Брајтон, а против опасниот стрелец и репрезентативец на Англија рецепт најде стоперот на домаќините Луис Данк.

Малку со раце, малку со примеси од боречките спортови Данк успеваше да го неутрализира најдобриот стрелец на Тотенхем, а по неколку стартови што не беа санкционирани со жолт картон, доби опомена дури во финишот на мечот.

Погледнете го боречкиот зафат на Данк во дуелот со Тотенхем во 68. минута од мечот што домаќините неочекувано го добија убедливо со три гола разлика. И за ваков старт стоперот на Брајтон не доби ниту жолт картон од судијата Мос.

Lewis Dunk on Harry Kane from soccer

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести