Немања е како дигитрон – Падна необичен рекорд во Ла Лига

Немања Гудељ од вечерва е сопственик на еден од најнеобичните рекорди во шпанската Ла Лига. Фудбалерот од средниот ред на Севилја не погреши при ниту едно додавање до соиграчите на мечот со Леванте, а имаше точно 57 прецизни пасови.

Тоа е стопроцентен учинок и нов рекорд во најсилното шпанско првенство. За жал на српскиот интернационалец, Севилја не успеа да го победи Леванте, а грешката на голманот Томас Вацлик во 87-мата минута, кога со лоша реакција го погоди стоперот Диего Карлос, им донесе на Андалузијците само реми од 1:1.

Сепак, Гудељ ќе го памети мечот на „Ла Нусија“ по неверојатниот ефект и 57 додавања до соиграчите од Севилја без ниту една грешка на мечот.

- Оглас -

Најнови вести