Ерменија и Турција имаат вековно непријателство, уште од времето на Отоманската Империја, но вечерва водеа поразлична борба, фудбалска. Турција успеа да победи со 2-1 на гостувањето во Ереван, но атмосферата на стадионот беше пеколна. Најпрво на турците жестоко им беше иссвиркана химната (видео), а притисокот и скандирањето продолжија во текот на целиот натпревар.
Ова беше само трет меѓусебен натпревар помеѓу овие две држави. Интересно, никогаш немаат одиграно пријателски натпревар, што и не е за изненадување.
Сите три натпревари до сега завршија со победа на Турција, а возвратното гостување на Ерменија ќе се случи на 08.09.2023. Претходните два натпревари Турција и Ерменија ги одиграа во рамки на Квалификациите за Светското првенство 2010.