Како феноменалниот гол на Бобо Виери му донесе „ферари 550 маранело“ (Видео)

Кристијан Виери беше еден од најдобрите напаѓачи пред 20-тина години во Европа. Фудбалерот за кого се интересираа мнгу екипи, играше и за Јувентус, Интер, Милан, Лацио, а една сезона помина во дресот на Атлетико Мадрид. Токму од времето кога беше во Атлетико, Виери се сеќава на многу интересни случки.

Италијанскиот стрелец открива како речиси секоја вечер низ Мадрид излегувал и шетал, но и покрај тоа, на крајот успеа да биде прв стрелец во првенството. Во Примера на 24 меча даде 24 погодоци, но Виери имаше и одличен настап за Атлетико и во Купот на УЕФА.

Пред мечот против грчкиот ПАОК, тогашниот претседател на Атлетико Мадрид, Хесус Хил, ги мотивирал фудбалерите со тоа што им рекол дека доколку некој фудбалер успее да постигне хет-трик на тој меч, како награда ќе добие автомобил „ферари 550 маранело“.

„Преку Пауло Футре, кој тогаш беше му омилен играч на претседателот Хил, порачав дека ако постигнам хет-трик, го очекувам автомобилот пред мојот дом. Футре потоа ми потврди дека ако навистина дадам три гола, автомобилот ќе биде мој. Дали се сеќавате каков гол постигнав на тој меч, речиси од корнер знаменцето? Целиот свет тогаш се воодушевуваше на погодокот, но никој не знаеше дека тој гол е вреден ‘ферари’“, открива Виери.

- Оглас -

Најнови вести