Како Герет Бејл ја прослави титулата освоена на денот на неговиот роденден? (Фото)

Герет Бејл во изминативе неколку натпревари беше во центарот на вниманието, но надвор од теренот на Реал Мадрид. Велшанецот кој добива 1,5 милиони евра месечна плата,  јасно му беше ставено до знаење од тренерот Зидан дека нема да игра и поради тоа дреме на клупата.

За тоа колку му беше досадно, Бејл покажуваше со неколку потези на претходните мечеви кои ги налутија фановите на Реал. Дури и синоќа, кога Реал ја славеше титулата, Бејл покажа дека воопшто не му е гајле, иако токму вчера беше неговиот роденден.

Бејл, кој наполни 31 година, по завршување на мечот со Вилјареал, со скрстени раце само ги посматраше соиграчите кои ја славеа 34-тата титула на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести