Како гром од ведро небо: Контроверзниот Огњен Вранеш ја заврши фудбалската кариера!

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Огњен Врањеш, изненадувачки одлучи да ја прекине својата фудбалска кариера. Оваа сезона тој настапуваше за српскиот суперлигаш Чукарички од Белград и имаше договор до крајот на тековната сезона.

Врањеш за репрезентацијата на Босна и Херцеговина одигра 38 натпревари, но својата репрезентативна кариера ја заврши поради спорните тетоважи за Република Српска и личности од српската историја, а најмногу познат во јавноста стана по секс-скандалот со пејачката Јелена Карлеуша.

Триесет и четиригодишниот фудбалер одлуката ја донел пред првенствениот натпревар против Нови Пазар, дуел на кој требало да биде стартер, но тој го известил раководството на клубот дека нема намера да продолжи да игра фудбал без да ги образложи причините за таквата одлука.

Огњен Врањеш е роден во Бања Лука и освен за матичниот Борац, во својата кариера настапуваше и за Црвена ѕвезда, Напредак Крушевац, Шериф Тираспол, Краснодар, Аланија, Елазигспор, Газијантеп, Спортинг Хихон, Том Томск, АЕК Атина, Андерлехт, Шарлоа и Хатајспор. Освен за сениорската репрезентација, Врањеш беше дел и од младинската селекција на Босна и Херцеговина за фудбалери до 21 година и беше исклучително ценет во својата матична земја како борбен фудбалер кој го почитува дресот со националниот грб сè до откривањето на скандалот со неговите спорни тетоважи.

- Оглас -

Најнови вести