Како играчите на Билбао го пречекаа херојот Адурис во соблекувалната (видео)

Ариц Адурис вчера го оствари сонот на секој навивач на Атлетик Билбао кој присуствуваше на „Сан Мамеш“, но и на секој кој победата против Барселона ја проследи пред малите екрани. Ветеранот го покори шпанскиот првак на стартот од сезоната во Шпанија со феноменалниот погодок во последната минута од регуларните 90.

Адурис со ножички го совлада Тер Штеген, и тој удар беше негов прв допир со топката откако  влезе во игра една минута порано. По мечот, Адурис беше пречекан во соблекувалната како херој, соиграчите го поздравија со стоечки овации. Сосема заслужено за 38-годишниот голгетер кој дефинитивно си го потврди статусот на легенда во баскискиот клуб.

- Оглас -

Најнови вести