Кари-шоу со специјални ефекти – За половина час постигна 37 поени, 9 тројки, скокаше, асистираше…. (Видео)

Стефон Кари одигра нов брилијантен меч и го предводеше Голден стејт вориорс до убедлива победа од 117:99 на гостувањето кај Бруклин нетс.

Еден од најдобрите бекови во историјата на НБА-лигата имаше полчасовно кошаркарско шоу, во кое презентираше сè што е најдобро во светскиот баскет.

Постигна 37 поени, уфрли 9 тројки од 14 обиди, скокаше, асистираше и едноставно беше недопирлив за ривалите од Бруклин.

https://twitter.com/NBA/status/1460808662939701250?s=20

Кари е убедливо најдобар во категоријата 9+ тројки по меч и таков подвиг му успеваше на 37 меча, вклучувајќи го и овој ноќеска.

Голден стејт е лидер во НБА со 12 победи и само два порази, а наскоро се најавува и кам-бек на Клеј Томпсон, па Воините ќе бидат уште посилни.

Моќно ноќеска изгледаше и Јута џез, уште еден кандидат за титулата во НБА. Предводени од извонредниот Бојан Богдановиќ, како домаќини ја декласираа Филаделфија со 120:85.

Хрватот постигна 27 поени со шут од поле 9-12 и пет постигнати тројки од 7 обиди.

Во победнички ритам е и Лос Анџелес клиперс, со четири триумфи на последните пет меча, а повторно блескаше Пол Џорџ.

Клиперс славеа со 105:92 против Сан Антонио, а Џорџ уфрли 34 поени и имаше 9 скока.

 

 

- Оглас -

Најнови вести