Како изгледа кога некој не знае како се шутира пенал-паненка (Видео)

Во светскиот фудбал се почеста стана праксата, играчите да изведуваат пенали со популарниот паненка удар. Тоа е еден од најатрактивните начини да се постигне гол. Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, како и ѕвездата на ЛА галакси, Златан Ибрахимовиќ беа последни во низата играчи кои атрактивно погодија од белата точка.

Во ситуација кога почнаа и помалку познатите и помалку квалитетните играчи да се обидуваат со Паненка да дадат гол од пенал, јасно беше дека ќе дојде моментот кога некој ќе згреши и ќе биде тема за потсмев. Токму тоа му се случи на играчот на Ванкувер, Али Аднан. Ирачкиот репрезентативец кој игра како лев бек, се посрамоти на дуелот против ЛА Галакси.

Уште во првата минута од мечот беше досуден пенал за домаќините, а Аднан шутираше, но толку лошо, што голманот на ЛА галакси имаше шанса да се корегира и да го одбрани очајниот удар.

Освен промашениот пенал на овој меч имаше и една мајсторија и тоа повторно од Златан Ибрахимовиќ. Голгетерот на ЛА Галакси постигна одличен погодок во победата на неговиот тим од 2:0. 

 

- Оглас -

Најнови вести