Како изгледа ногата по касапскиот старт директно со крампони (Видео+Фото)

Русија убедливо со 5:0 го победи Кипар на гости и официјално си обезбеди место на завршницата на Европското првенство во 2020 година. Гостите уште во првите 25 минути стигнаа до сигурна предност од 2:0 со головите на Черишев и Оздоев.

Работата за Русија беше олесната по црвениот картон кој го доби Лаифас во 28-мата минута. Репрезентативецот на Кипар крвнички стартуваше над Сергеј Петров, а вистинска среќа е што гостинскиот играч не се здоби со скршеница на ногата. Во продолжение на мечот, Русија даде уште три гола за сигурен триумф.

https://youtu.be/361N7_L62Vk

По завршување на средбата, Русите објавија фотографија со повредата со која се здоби Петров.

 

- Оглас -

Најнови вести