Како изгледаа магичните минути во кои Македонија спаси три сет топки, па ја победи Словенија (Видео)

Македонија вчера се израдува на најзначајната одбојкарска победа. Нашите нови спортски херои ја победија Словенија со 3:1 во Љубљана, која до тој меч имаше перфектен биланс.

Посебно возбудлив беше четвртиот сет, кога Македонија губеше со 24:21, но успеа да спаси три сет топки, а потоа и да стигне до меч-топка, која ја претворивме во победа. Со тој триумф, Црвено-жолтите се пред пласман во осминафиналето на континенталниот собир, но за тоа да биде реалност, вечерва Турција мора да ја победи Финска.

Сепак, постои една опција која нас најмногу може да нѐ разочара, а Турција и Финска да се радуваат. 

Во исчекување на мечот кој ќе реши дали Македонија ќе биде дел од Топ 16 или не, уживајте во магичните минути на нашите одбојкари во Љубљана.

 

- Оглас -

Најнови вести