Како изгледаше гостувањето на АЕК во Загреб: „Ги снимивме сите задкулисни сцени“ (Видео)

Атински АЕК успеа да го совлада Динамо Загреб со 1-2 на гостински терен на првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Натпреварот мина во напната атмосфера и големо полициско обезбедување поради инцидентите кои се случија во Атина и убиството на навивачот на АЕК.

АЕК ТВ, официјалната онлајн телевизија на шампионот на Грција, објави видео од самото пристигнување во Загреб, па сè до завршувањето на натпреварот со коментар: „Камерата на АЕК ТВ беше во Загреб и ги сними сите задкулисни сцени. Погледнете што сними нашата камера.“

- Оглас -

Најнови вести