Дисциплинската комисија при Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) започна постапка против Црвена ѕвезда и Партизан поради големата употреба на пиротехнички средства за време на меѓусебниот дуел, одигран на 3 март на стадионот „Рајко Митиќ“. Црвена Ѕвезда го доби 169. вечно дерби со 1:0, но останува фактот дека тоа што се случуваше на трибините не смее да се повтори.
Делегатот на мечот оценил дека организацијата била „добра“, но стои фактот дека на овој меч биле скршени 1.860 столчиња на трибините на стадионот „Рајко Митиќ“, биле запалени 356 факели, употребени 34 топовски удари, а имало и 29 димни бомби и 31 огномети.
🇷🇸 Crvena Zvezda vs Partizan 03/03/2023 pic.twitter.com/pyZl9rDnps
— 101% ULTRAS (@101ULTRAS) March 3, 2023
Според сите овие факти и податоци, најтрофејните клубови во Србија ги очекува жестока казна.