Како изгледаше пресот на Борусија: “Денес бевме еден гол од титулата, утре ќе бидеме една година од титулата“ (Видео)

Тажно изгледаше прес-конференција на тренерот на Борусија Дортмунд, Един, Терзиќ, откако неговата екипа пропушти голема шанса да стане шампион на Германија. На “милионерите“ им беше потребна победа на домашен терен за освојување на Бундес лигата, а тиа одиграа само 2-2 против Мајнц.

– “Ова е многу лошо. Се е празно. Знам дека утре е нов ден, но … Бевме оддалечени само еден гол од титулата, а утре ќе бидеме една цела сезона оддалечени од титулата. Последните неколку недели бевме навистина на добар пат, многу малку ни фалеше, но сепак премногу.“ – рече разочараниот тренер на Борусија, Терзиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести