Како ќе заврши мадридското дерби? Стигна нова тура Спортска прогноза

Реал Мадрид против Атлетико Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ е дербито кое треба да го одбележи и 21-вото коло на Спортска прогноза. Кралскиот клуб конечно се искачи на врвот на табелата во Примера, а сега има голем предизвик за да ја задржи челната позиција. Атлетико влезе во криза и во последните два меча освои само еден бод, па сега заостанува 10 бода зад градскиот ривал. Само со евентуална победа на гости, Јорганџиите би успеале да се вратат во трка за титулата.

Освен дербито во Мадрид, во понудата има уште 12 интересни мечеви од Топ 5 лигите. Колото ќе започне со дуелот Хофенхајм – Баерн Леверкузен, што е дерби во Германија на две екипи кои се борат за излез во Европа. Во саботната понуда ќе типувате уште и на дуелите: Ватфорд – Евертон, Калјари – Парма, Мајорка – Валјадолид и Стразбур – Лил.

Неделната понуда започнува со мечот Еибар – Бетис, а потоа ќе се наредат средбите меѓу Ница – Лион, Атлетик Билбао – Хетафе, Мец – Сент Етјен, Тотенхем – Манчестер сити и Лече – Торино. Ова коло се затвора со понеделничкиот дуел меѓу Сампдорија и Наполи.

Секако, за подобар Генерален пласман не треба да заборавите да ги прогнозирате и средбите меѓу Вест хем – Брајтон и Барнли – Арсенал.

Подароците ви се добро познати. „Среќна 13-ка“ ќе ви донесе мобилен телефон IPhone XS. Вредносни ваучери од 1.000 и 500 денари има за оние со 12, односно 11 погодоци. Главната премија за најдобриот во генералниот пласман е Смарт телевизор 48 инчи. Не чекајте и играјте БЕСПЛАТНО Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести