Како ли успеа, Вембањама ги зачуди сите со едно неверојатно забивање (Видео)

Во кошаркарската НБА лига рано утрово се одиграа пет натпревари, а потегот на вечерта го имаше Французинот Виктор Вембањама, првиот пик на драфтот.

Сан Антонио спарс е тимот кој е благословен да има играч како Вембањама, кошаркар со неверојатни физички предиспозиции. Популарниот Вемби благодарение на многу долгите раце и нозе, прави работи кои не се „достапни“ за останатите кошаркари.

Таков пример имаше и синоќа на дуелот со Бостон кога ја заби топката од една тешка позиција. Ниеден играч играч на светот не би успеал во ова, но Вембањама воодушеви и многумина почнаа да се прашуваат како е можно. Некои го споредуваат со забивање на Мајкл Џордан во филмот „Вселенски скок“, кое е компјутерски направено.

Сан Антонио беше убедливо поразен од Бостон со 101-134, па за Спарс мала утеха е дека нивен играч го имаше потегот на натпреварот.

Во другите дуели, Њу Орлеанс беше подобар од ЛА Лејкерс со 129-109, Оклахома сити го надигра Бруклин со 124-108, Сакраменто беше убедлив против Мемфис со 123-92 (на овој меч Домантас Сабонис направи трипл-дабл со дури 21 скок), а Феникс славеше против Орландо со 112-107.

- Оглас -

Најнови вести