Селекторот Тите денес го соопшти тимот на Бразил со кој ќе се обиде да нападне нова титула во Копа Америка, а меѓу 23-та репрезентативци се најде и фудбалерот на Евертон, Ричарлисон. Младиот офанзивец до последно чекаше да го прочитаат неговото име, а кога Тите го прозва, Ричарлисон почна да се радува како мало дете.
Убавата вест ја слушна во родното место Нова Венеција, во друштво со најблиските.
https://twitter.com/Everton/status/1129439565742256128
Инаку, Ричарлисон сезонава во Премиер лигата запиша 25 настапи за Карамелите, во кои реализираше 13 погодоци и две асистенции.