Како му успеа? Сакаше да направи дриблинг, а доби директен црвен картон (Видео)

Рома полека, но сигурно може да се откаже од желбата да стигне до четвртото место во Серија А, откако синоќа на свој терен неочекувано загуби од Удинезе со 0:2. Римската волчица сега заостанува дури 12 бодови зад четвртопласираната Аталанта.

Удинезе, кој се бори за опстанок, на „Олимпико“ поведе уште во 12-тата минута, а потоа задачата на гостите им ја олесни Диего Пероти. Домашниот офанзивен играч доби директен црвен картон откако по еден продор, наместо да направи дриблинг, директно со крампоните од копачката згазна на ногата на еден противнички играч.

Ваквиот старт на Пероти судијата го оцени како намерно газење на противникот и затоа му даде директен црвен картон. До крајот на средбата, Римската волчица со играч помалку беше немоќна да го спречи изненадувањето, а Удинезе со голот на нашиот Илија Несторовски го потврди триумфот во Рим.

Ситуацијата за црвен картон може да ја видите на 1:20 минута на видеото.

 

- Оглас -

Најнови вести