Како почна фудбалот на репрезентативно ниво? Со 0:0 пред 147 години

Англија и Шкотска се учесници на најстариот меч на две репрезентации во историјата на европскиот фудбал. На 30. ноември 1872 година, или речиси пред 147 години двете островски репрезентации го сефтосаа фудбалот во европски рамки, на ниво на национални селекции.

И почетокот беше неславен, па дуелот заврши без голови. Првите дуели се меѓу островските селекции, а се вклучи и Ирска, тогаш како една селекција на сегашните Република и Северна Ирска.

Првиот меч надвор од Островот е меѓу Унгарија и Австрија во 1902 година, а победија Австријците со 5:0. Токму таа селекција утре ќе ни биде гостин во Скопје во квалификациски меч за пласман на ЕП 2020 година.

Секако за потсетување Македонија својот прв меч како независна држава го одигра во Крањ, против Словенија на 13. октомври 1993 година. Стартот беше победнички, а славевме со 4:1 против Словенците, кои сега ни се ривали во Г групата за пласман на ЕП.

 

- Оглас -

Најнови вести