Како се добива фотка и дрес од Роналдо по „манчестерова врска“ (Видео)

Португалија синоќа со 4:2 победи на гости кај Србија во Белград, а Кристијано Роналдо даде еден од головите. Првата ѕвезда на мечот покажа дека има време и за своите фанови. Најмногу се израдуваа синовите на Немања Матиќ.

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед го „начека“ Роналдо и го замоли да се фотографира со неговите двајца синови.

https://youtu.be/MDkRvm_EOPI

Кристијано не само што се фотографираше, туку по мечот им го подари и дресот со кој настапи во Белград. Роналдо едноставно максимално го испочитува играчот на Манчестер јунајтед, клубот во кој Португалецот го покажа својот талент, пред да направи трансфер во Реал Мадрид.

https://twitter.com/CR7_G0AT/status/1170725276361379841

- Оглас -

Најнови вести