Како се сака фудбалот – Уникатна промоција на дресовите на Трабзонспор (Видео)

Членот на големата петорка во турскиот фудбал Трабзонспор на уникатен начин со видео што трае нешто повеќе од две минути ги претстави новите дресови за сезоната што претстои.

Досега вакво нешто во фудбалот не е видено, а видеото е мошне интересно, со оригинална идеа и изведба.

Во преден план e еден од бисерите на турскиот фудбал, 20-годишниот Абдулкадир Омур, кој е дете на Трабзонспор и потекнува од Академијата на клубот. Симболично тој е претставен како дете што сонува да игра за Трабзон, а тоа и ќе го оствари, а патем и ќе го претстави новиот дрес на својот матичен клуб.

Како напомена иако има смао 20 години Абдулкадир има 4 настапи за А селекцијата на Турција, а ги мина и сите селекции на оваа земја во помладите категории. Го нарекуваат турскиот Меси, а веќе има понуда од Ливерпул за сума од околу 30 милиони евра, но одлучи да продолжи да игра за Трабзонспор.

- Оглас -

Најнови вести