Како Шкотите празнично ги надиграа Англичаните

Шкотската елитна фудбалска лига секако е послаба од англиската Премиерлига, но во финишот на сезоната се чини дека „храбрите срца“ беа помудри и на интересен начин ги надиграа своите соседи и големи ривали.

Премиерлигата во Англија премногу се комерцијализираше во последно време, па се отстапи од стандардното, но и непишано правило за Боксинг деј и за предновогодишните празници да играат меѓусебе локалните ривали.

Така изостанаа дуелите  меѓу Манчестер сити и Манчестер јунајтед, Тотенхем и Арсенал, Ливерпул и Евертон…, па Шкотите постапија помудро.

На денот на подароците на 26. декември им подарија на фудбалските симпатизери големо дерби меѓу Хартс и Хибернијан, што е градска пресметка на Единбург и второто најдолговечно градско дерби во Европа, по тоа меѓу Глазгов Ренџерс и Селтик. Токму тој меч и ривалство што се протега во три века ќе биде на нов испит задутре, во 420. пресметка меѓу вечните ривали во битката за Глазгов.

Шкотите понудија уште едно големо дерби кое се игра во моментов меѓу Дерби јунајтед и Дерби, со што имаат поинтересна програма од Англичаните, кои парираа со само два важни и интересни дуели. Тој меѓу Лестер и Ливерпул, само поради ситуацијата на табелата и задутрешното меѓу Челзи и Арсенал, кое е лондонско дерби.

- Оглас -

Најнови вести