Ние ви најавивме, Мане го исполни „договореното“

Кога Ливерпул игра против Кристал Палас тогаш јасно е дека треба да се очекува Садио Мане да постигне гол. Така е и денеска, па Мане беше прецизен во првиот дел кога погоди за водство на Црвените од 1:0.

За Мане овој погодок беше јубилеен од два аспекти. Го прослави јубилејниот 100-ти погодок во Премиер лигата, а постави и рекорд како единствен фудбалер кој постигнува погодоци на девет меча по ред, против ист ривал. Од 2017 година, секогаш кога Ливерпул игра против Кристал Палас, Мане е меѓу стрелците, а вкупно 10 пати ја има тресено мрежата на овој противник.

Уште синоќа ви најавивме дека Мане едноставно ќе даде гол против Кристал Палас, а голгетерот на Ливерпул работата си ја заврши во 43 минута.

 

- Оглас -

Најнови вести