Како што му доликува на двоен европски првак – Вардарци не го заборавија Алфредо Кинтана

Вардарци не го заборавија својот чест ривал од Порто, голманот Алфредо Кинтана, и со маици со поддршка му посакаа побрзо закрепнување по инфарктот што го доживеа во понеделникот.

„Биди силен Алфредо Кинтана“, беше паролата на маиците на Црвено-црните, кои вечерва го играат и вториот меч против Елверум во Лигата на шампионите.

Кинтана доживеа срцев удар во понеделникот на тренингот на Порто и беше во индуцирана кома, a сè уште се бори за живот во болницата „Сао Жоао“.

По првото полувреме во Скопје, Елверум води со 20:17 против Вардар во нова директна битка да се избегне последното место во А групата во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести