Рафаел Надал за помалку од два и пол часа го реши Јаник Синер по три сета со 7-5, 6-3 и 6-0 за пласман во четвртфиналето на Ролан Гарос, каде што го чека дуел против Диего Шварцман.
Актуелниот шампион на ОП на Франција имаше мали проблеми на стартот од мечот откако загуби два гема на свој сервис, по што западна во негатива од 3-5, но возврати со два брејка за пресврт и водство од 7-5.
https://twitter.com/atptour/status/1401933924968767490
Како што одминуваше времето, така Рафа играше сè подобро, па иако и во вториот сет му дозволи на Синер двапати да направи брејк, Шпанецот одговори со нови три брејка за водство од 2-0 во сетови. Се виде дека Надал сака што побрзо да ја заврши работата, па влезе фуриозно во третиот сет и повторно трипати направиј брејк, а Синер максимум што направи е што спаси една меч-топка, откако претходно не искотисти да направи брејк и да ја одложи победата на фаворитот.
Надал ќе се соочи со Шварцман во четвртфиналето, а доколку победи и се поклопат коцките, во полуфиналето ќе се гледа епски дуел против првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, од кого исто така се очекува да го добие мечот против Беретини.