Како што се очекуваше: Неизвесно од почеток до крај, Милвоки поведе против вицешампионот (видео)

Милвоки бакс поведе во серијата против Мајами хит откако триумфираше минимално со 109:107 по едно продолжение. Крис Мидлтон го реши вицешампионот со кош без коски на пола секунда до крајот од дополнителните пет минути, па се испостави дека Џими Батлер залудно ги сласуваше жешките во регуларното време со поените кои доведоа да се игра повеќе од 48 минути.

Како и што се очекуваше дека ќе се одвива оваа серија, така почна првиот меч, сосема неизвесно и тесно од почеток до крај. Мајами од старните 9-2 не можеше да оствари поголемо водство, па веќе до паузата ја препушти иницијативата на домаќините кои имаа минимални 53:50 по две одиграни четвртини.

Во исто темпо продолжија и во второто полувреме. Ниедна екипа не можеше да се одлепи резултатски, односно за Милвоки не беа доволни највисоките +8 коша предност. Во последната минута Јанис погоди две од четири слободни фрлања и му остави простор на Батлер да го одведе мечот во продолженија со кош во последната секунда.

Мајами не можеше да ја добие средбата со оглед на тоа дека во дополнителните пет минути, дури 160 секунди не реализираа ниту еднаш, а Мидлтон погоди за победа преку раката на Данкан Робинсон.

Токму бекот на Милвоки беше најефикасен со 27 поени и по 6 скока и асистенции, Драгиќ на другата страна постигна 25 поени.

- Оглас -

Најнови вести