Како славеа Хрватите, а како Шпанците по пласманот во финалето? (Видео)

Хрватска и Шпанија се финалистите на Европското ракометно првенство. Шпанија ја оправда фаворитската улога и со 34:32 ја победи Словенија, а во еден од најнеизвесните мечеви, Хрватска по дури 80 минути игра, славеше против Норвешка со 29:28.

Двете репрезентации заслужено се дел од финалето, бидејќи во досегашниот дел од континенталниот турнир немаа ниту еден пораз. По завршување на полуфиналните дуели, ракометарите на двете репрезентации продолжија со славјето и во соблекувалните.

Погледнете како изгледаше во соблекувалните на победниците во полуфиналните дуели на ЕП.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести