Како Солари со кола ги „издрибла“ лутите навивачи? (Видео)

Реал Мадрид ја загуби битката за еден трофеј откако во директен дуел со Барселона испадна во полуфиналето на Купот на Шпанија. За поразот да биде поболен, се случи во Мадрид, на „Сантијаго Бернабеу“, а на крајот на семафорот стоеше 3-0 за гостите.

Навивачите на Реал беа разочарани од овој неуспех, па вчера по тренингот, неколкумина од нив се собраа пред клупската база сакајќи да изразат незадоволство. Дел од играчите со своите автомобили поминаа покрај навивачите, кои не направија никакви проблеми.

Сепак, кога се појави тренерот Сантијаго Солари со своето „смарт“ возило, се случи еден неочекуван потег. Солари очигледно не сакаше да се соочи со навивачите и нагло успеа да го смени правецот и од друга страна да го напушти тренинг-центарот. Овој потег на Солари наиде на смеа кај навивачите, но и кај дел од обезбедувањето на Реал Мадрид.

Солари успеа да ги „издрибла“ навивачите, но тренерот знае дека веќе утре го очекува нов голем предизвик против Барселона. Повторно на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде Ел Класико, но во првенството на Шпанија. Доколку се случи Барселона повторно да победи, Реал речиси сигурно ќе треба да се прости и од борбата за титулата во шампионатот, а тогаш Солари сигурно нема да може толку лесно да избега од навивачите.

 

- Оглас -

Најнови вести