Како во времето на Марадона: Аргентина е светски првак, Наполи му даде пет гола на Јувентус

Податокот дека Јувентус цели 30 години немаше примено пет гола во натпревар од Серија А, покажува каков подвиг направи екипата на Наполи синоќа која со 5-1 ја разби Старата дама во дербито на колото во италијанската лига.

Наполи по вторпат во својата историја му даде пет гола на Јуве, првиот таков случај беше во 1988 година, кога дресот на наполитанците го носеше славниот Аргентинец, сега покојниот Диего Марадона.

Во времето кога играше Марадона, Аргентина беше светски првак, а Наполи му даде пет гола на Јуве. Поминаа 30 и кусур години од тогаш, а историјата се повторува. Аргентина пак е светски шампион, а Наполи оди кон титула со „петарда“ против директниот конкурент за Скудетото.

- Оглас -

Најнови вести