Каков е овој ривалитет: Клоп и Гвардиола почнаа „да се мазат“

Јирген Клоп му возврати на Пеп Гвардиола со интересна изјава, а некако ривалитетот меѓу двете екипи кои доминираат во Премиер лигата се разводни по последните случувања.

Најпрво Пеп Гвардиола изјави по поразот на Манчестер сити од Норвич дека титулата во Премиер лигата веќе може да му се додели на Ливерпул. Црвените од „Енфилд роуд“ по пет кола имаат пет бода предност во однос на ланскиот првак, а изјавата на Шпанецот беше примена со изненадување.

Сега му возврати Клоп со комплимент, изјавувајќи дека Сити го има најдобриот тим на Стариот Континент, иако Ливерпул е актуелен европски првак.

„Не сме најдобар тим во Европа бидејќи Манчестер сити е најдобар состав на планетата. И како што знам, двата клуба играат на иста планета“, рече Германецот на прес-коференцијата пред мечот со Наполи утре на „Сан Паоло“ во Неапол, во рамките на стартното коло во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести