Каков е распоредот на натпревари на Баерн и Борусија до крајот на сезоната

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ја продолжуваат мртвата трка за титулата во Бундеслигата, откако денеска и двата тима остварија убедливи победи.

Баерн со 6:0 го совлада Шалке, додека Милионерите со 5:2 ја победија Борусија Менхенгладбах и во последните две кола во првенството, влегуваат само со еден бод разлика. Баерн по 32 кола има 68 бода, додека Борусија има 67.

Но, во последните две кола, и двата тима имаат незгодни ривали.

Баерн на домашен терен игра против Ред Бул Лајпциг, кој е четврти на табелата, иму гостува на Келн. Во првиот дел од сезоната, Баерн одигра 1:1 против овие два ривали.

Борусија Дортмунд во следното коло ќе му гостува на Аугсбург, а во последното коло пред своите гледачи игра против Мајнц. Во првиот дел од сезоната, Милионерите славеа на двата меча.

- Оглас -

Најнови вести