Чави е подготвен за поголем предизвик – Прегази во Катар со титула без пораз

Чави Ернандес ја потврди класата и како тренер и денеска го предводеше Ал Сад до победа од 3:0 против Катар, со што успеа да ја освои титулата без пораз во катарското првенство.

Големата легенда на светскиот фудбал направи магична работа и приреди редок подвиг и е на тронот во Катар со 19 победи и само три нерешени дуели и без ниту еден загубен меч.

Ал Сад под команда на Чави газеше безмилосно и го има најефикасниот напад со 77 постигнати гола, дури 22 повеќе од второпласираниот Ал-Дуахил и е еднинствениот тим што прими помалку од 20 гола, точно 14 во катарското првенство.

Долго време се шпекулираше дека Чави ќе биде нов тренер на Барселона, клубот каде се прослави како светска ѕвезда, но засега тоа е се уште неизвесно.

 

- Оглас -

Најнови вести