Каков кавалер – Драмонд ѝ остави бакшиш од илјада долари на Касандра (Фото)

Андре Драмонд ја расплака Касандра Дијас, келнерка во ресторан во Делреј Бич на Флорида, а изненадувањето било големо кога девојката видела дека има бакшиш од илјада долари што ѝ ги оставил познатиот НБА-кошаркар.

„Не можев да верувам дека ме почести со толку голема сума пари. Се тресев од возбуда и заплакав од среќа. Му благодарам уште еднаш“, напиша Дијас на „Инстаграм“ објавувајќи и фотографија од сметката збогатена со бакшиш од илјада долари.

Драмонд во февруари годинава се пресели од Детроит пистонс во Кливленд кавалирс непосредно пред прекинот на сезоната поради пандемијата со ковид-19.

НБА планира да ја продолжи сезоната, а дотогаш ќе се паметат потегот и бакшишот на Драмонд во Делреј Бич.

- Оглас -

Најнови вести