Каков комплимент за Адеми: Станете сите да му се поклониме на овој човек

Аријан Адеми заслужи чиста десетка за играта против Ференцварош, а голем комплимент за македонскиот репрезентативец е и изјавата на коментаторот на „Арена спорт“ Ивица Блажичко.

„Знам дека е невообичаено во ТВ-пренос, но ќе ве замолам да станете и да му аплаудирате на Аријан Адеми. Вечерва одигра за десетка и заслужи сите да му се поклониме“, рече познатиот хрватски коментатор.

Адеми одигра капитенски, го постигна првиот гол во победата на Динамо од 4:0 против Ференцварош, а потоа и му асистираше на Дани Олмо за третиот погодок.

Динамо веќе си обебзеди настап во Лигата на Европа, но целта е да се надигра и Розенборг во финалето на плејофот и да се игра во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести