Каков луд фудбалски лик – Даде два гола, па тркна да си го провери фантазерскиот тим и се разочара

Саша Калајџиќ со два гола во 85-тата и во 90-тата минута го спаси Штутгарт од пораз и веднаш потоа тркна да провери дали се вклучил во својот тим на фантазери за ова коло во Бундеслигата и се разочара.

„Заборавив да се вклучам во мојот тим на Фантази. Не бев сигурен, но сега проверив и ме нема во мојот идеален тим. Сепак, поважно е што дадов два гола за Штутгарт и што се спасивме од пораз“, ги насмеа Германците со својата изјава Австриецот со српско потекло.

Ќе заработеше многу поени во играта што е многу интересна, со многу учесници од целиот свет, но ќе има шанса да се вклучи во својот идеален тим на колото за следната рунда, кога Штутгарт ќе игра против Волфсбург на 20 декември.

 

 

- Оглас -

Најнови вести