Каков малер – Кларк ја скрши ногата пред да го претстават како засилување

Тревор Кларк му се случи голем малер неколку часа откако потпиша за англискиот клуб Ротерам, а не ја дочека официјалната промоција бидејќи заработи скршеница на ногата.

Кларк играше за Ротерам против младинскиот тим на Њукасл и во еден дуел заработи тешка повреда, па наместо на официјална промоција како нов член на Ротерам, заврши во болница.

Младиот репрезентативец на Република Ирска потпиша тригодишен договор со Ротерам, а пристигна од редовите на Шемрок роверс.

- Оглас -

Најнови вести