Каков малер – Со игра на голови ги избегна сензационалните порази на Баерн и Реал и падна за еден гол на Бенфика (Фото)

Викендот што помина беше лош за обложувачите со многу изненадувања и сензационални порази на Баерн од Ајнтрахт, на Ајакс од Утрехт и на Реал Мадрид од Еспањол, три од многуте бомби што тешко се погодуваа, но имаше и интересни тикети.

Еден од нив е уплатен во Sport Life, со 10 пара и со идентична игра од 1 до 3 гола во двете полувремиња и само за еден погодок не донесе убава добивка од 78 илјади денари.

За малер на мајсторски одиграниот тикет потфрли Бенфика, а со игра на голови избегнати се сензациите што се случија во Минхен и во Барселона.

Се чекаше барем еден гол во првото полувреме на мечот меѓу Бенфика и Портимоненсе на стадионот „Луж“ во Лисабон за добитен тикет, но за жал на обложувачот што уплати 10 пара за 100 денари, немаше ниту еден погодок во првите 45 минути, а потоа се случи уште еден фудбалски шок и гостите го победија големиот фаворит со 0:1.

 

 

- Оглас -

Најнови вести