Каков нокаут, го префрли прекусебе како пердув и го дотолчи со лакт (Видео)

Роланд Данлоп е ѕвездата на приредбата во организација на ЛФА 104, една од најдобрите американски организации во Ултимејт фајт борбите, а потегот со кој го нокаутира Обинве Икебуне е неверојатно атрактивен и можеби и најдобар во 2021 година.

Данлоп во последната минута од првата рунда го крена корпулентниот противник како пердув и со атрактивен потег преку себе го фрли на под.

Икебуне веќе беше нокаутиран, а Данлоп успеа набрзина да упати уште неколку удари со лакт кон грогираниот ривал, кој беше спасен од судијата.

Интересно е што за Данлоп оба веше само втора борба во октагонот, но покажа дека е вешт борец и ја забележа и втората победа во средна категорија.

- Оглас -

Најнови вести