Каков срам – Влезе во Куќата на славните и еден ден подоцна е упасен за насилство и кражба на автомобил

Џон Џонс славеше убав момент и признание, откако вчеравечер стана член на Куќата на славните во Ултимејт фајт борбите, а неполн ден подоцна, односно утринава беше уапсен поради семејно насилство и кражба на автомобил.

Џонс кој е еден од најдобрите Ултимејт фајт борци на планетата има долго досие од насилно однесување и беше апсен двапати во послените пет години.

Сега повторно е обвинет и чека казна, ако се потврди обвинението за малтретирање на членови на своето семејство и обивање на автомобил.

Џонс го заслужи признанието и местото во Куќата на славните на УФЦ, најмногу поради борбата со Александер Густафсон на УФЦ-165 во 2013 година.

Тој меч е прогласен за еден од најдобрите во лесна категорија во историјата на УФЦ натпреварувањата. Иако имаше многу незгодна расеченица над окото уште во првата рунда, Џонс успеа да го победи Густафсон со едногласна одлука на судиите.

 

- Оглас -

Најнови вести