Каков цар е Олмо – Му понудиле да се слика со Меси, одговорот бил фантастичен

Дани Олмо одбил како 8-годишно момче да се фотографира со Лионел Меси, иако потоа бил натеран од родителите да застане до иконата на Барселона и да се слика со него, а приказната е многу интересна.

Олмо беше член на познатата Академија на Барселона „Ла Масија“ и тоа во класата со нашиот интернационалец Давид Бабунски, а како 8-годишно момче му било понудена шанса што не се пропушта, да се фотографира со Меси.

„Уште пред да се приклучам во Ла Масија, како 8-годишно момче заминав да играм фудбал на Кастелдефелс. Додека играв фудбал сам, дојде пријател на татко ми и беше многу возбуден. Ми рече `Еј Дани дојди да се фотографираш со Меси, тука е. Не се пропушта ваква шанса, сите деца чекаат на ред. Па кој не би сакал са има фотографија со Меси`. Само му реков, јас не сакам, сега сакам само да играм фудбал. Но, сепак некако ми ја зедоа топката и против моја волја ме однесоа до Лео и фотографијата се случи. Не дека не го почитувам Меси, но тогаш повеќе ми се играше фудбал, отколку да се сликам со него“, раскажува Олмо.

Репрезентативецот на Шпанија мина трнлив пат од Ла Масија до место во првата постава на Црвената фурија. Не му беше дадена вистинска шанса да игра за Барселона, па замина на „калење“ во Динамо Загреб, каде покажа дека е светска класа играч и потоа се пресели во Лајпциг. Уште е член на германскиот прволигаш, но сега има понуди од многу гиганти, меѓу нив и Барселона, а потполно со блескавите игри го заслужи вниманието на фудбалските великани кои се заинтересирани за него.

 

- Оглас -

Најнови вести