Каков удар за Тотенхем – Шпанскиот репрезентативец ги одби, не ги смета за голем клуб

Тотенхем доживеа тежок удар, откако шпанскиот репрезентативец Пау Торес без размислување ја одби нивната понуда од 50 милиони евра.

Раководството на Вилјареал му даде зелено светло на Торес самиот да одлучи дали ќе ја прифати понудата на англискиот премиерлигаш, но Пау без многу рзмислување ја одби со изјава дека сака да игра за голем клуб.

Главната причина сепак е настапот на Вилјареал во Лигата на шампионите, натпреварување кое остана недостапно за Тотенхем, по освоената седма позиција во ланското издание на Премиерлигата.

И Вилјареал заврши на истата позиција во Ла Лига, но како победник во Европа Лигата ќе игра во новото издание на Лигата на шампионите.

Торес смета дека тоа е голема шанса за него да ги потврди квалитетите во дуелите со најдобрите клубови на Стариот континент и дека ќе направи трансфер во некој од европските гиганти.

 

- Оглас -

Најнови вести