Каква бомба: Дејан Манасков потпиша за Вардар!

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е нов член на Вардар и по пауза од шест години повторно го облекува „црвено-црниот“ дрес, соопштија од таборот на ракометниот првак.
Вардар го засилува тимот со искусен играч на позицијата лево крило кој зад себе има настапи во неколку европски екипи и настапи на ЕП и СП со репрезентацијата на Македонија.
Манасков зад себе има големо меѓународно искуство со што како што истакнуваат од Вардар, екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезоната во која главна цел е освојување на двојната круна во домашни рамки.
Искусното крило во Скопје доаѓа по неколкуте сезони минати во унгарски Веспрем каде беше еден од најдобрите стрелци на клубот со над 540 голови на над 160 натпревари. Претходно има настапувано и за екипите на Борец Велес, Металург, Вардар, Вецлар и Рајн Некар.
- Оглас -

Најнови вести