Каква драма: Бенфика со голови во 88-мата и 92-рата минута го освои првото место пред ПСЖ!

Бенфика со 6-1 го совлада Макаби Хаифа и токму толку им требаа на Португалците за да го освојат првото место во групата, пред Пари Сен Жермен, со кого имаа еднаков број бодови, иста гол-разлика и нерешени исходи во нивните меѓусебни дуели (Двата меча завршија 1:1).

Лисабонските Орли петтиот и шестиот гол ги постигнаа во 88-мата и 92-рата минута. Тоа што ги смести пред Светците од Париз е поголемиот број постигнати голови на гостински терен. Бенфика во групната фаза даде девет гола на гости, а ПСЖ шестпати ја тресеше мрежата на противникот на гостински терен.

Така ПСЖ и Ливерпул ќе бидат големите „мини“ за носителите при ждрепката за осминафиналето која ќе се влече во понеделник.

- Оглас -

Најнови вести