Каква легенда е Лука Дончиќ – Го престигна Џордан, имаше страшен трипл-дабл и на крајот се извини (Видео)

Лука Дончиќ одигра неверојатен меч за Далас маверикс против Чикаго булс, со 29-ти трипл-дабл во кариерата го мина и легендарниот Мајкл Џордан, а по поразот од 101:117 се извини.

Словенецот постигна 35 поени и имаше 16 скока и 15 асистенции и е само четвртиот кошаркар во историјата со 35-15-15, или повеќе на еден меч, заедно со Оскар Робертсон, Вилт Чембрлен и Џејмс Харден.

https://twitter.com/espn/status/1350921336869314560?s=20

Во само третата сезона што ја игра во НБА лигата има 29 трипл-дабл ефекти, го мина и легендарниот Џордан, се израмни со Грент Хил и со Бен Симонс, а пред него е само Џон Хавличек со рекордни 31 трипл-дабли.

Словенецот постигна дури 30 поени во првото полувреме, но потоа како да застана и се чуствуваше виновен за поразор од Чикаго.

„Во второто полувреме играв ужасно. Јас сум виновен. Бев премногу себичен. Не бев вистинскиот Лука Дончиќ и морам да играм мнгу подобро и јас и целиот тим“, изјави Дончиќ.

 

https://twitter.com/TrashTalk_fr/status/1350920049071190018?s=20

 

- Оглас -

Најнови вести