Каква легенда е Меси – Го утна само бројот на дресот во ПСЖ, повеќе ќе му прилегаше 40-ката

Лионел Меси веќе се прилагоди во новиот клуб Пари Сен Жермен и вчера со два гола против Лајпциг во Лигата на шампионите новата 30-ка на Светците од Париз повторно стигна до неверојатна бројка од 40 или повеќе голови во иста година.

Тоа му е веќе 12-та година во кариерата со таков учинок, што е спектакуларен ефект на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Големиот ривалитет со Кристијано Роналдо е присутен и тука, а Португалецот досега во 10 години од целата кариера постигнувал 40 или повеќе голови, што значи дека Меси води со 12:10.

https://twitter.com/mvsrapp/status/1450573182616883204?s=20

Секако, ривалството продолжува, а на Роналдо му фалат само два гола годинава за да дојде до 40-ката и да ја прокнижи 11-тата година во кариерата со учинок од 40+ голови.

Португалецот веќе вечерва од 21 часот на „Олд Трафорд“ ќе има шанса да намали на 11:12 во дуелите со Меси, ако ѝ даде минимум два гола на Аталанта во меч од Лигата на шампионите.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести