Каква провокација, готвач кој навива на Атлетико во емисија за готвење свињите ги нарече Модриќ, Бензема и Камавинга (Видео)

Омразата меѓу навивачите на Реал Мадрид и Атлетико Мадрид е толку голема што дел од нив не се двоумат да упатат провокација дури и на телевизија.

Неодамна, новинарка на телевизијата ТелеМадрид снимаше прилог за готвачот Хавиер, кој е голем навивач на Атлетико Мадрид и јавно ги понижи и ги навреди големите ѕвезди на Кралевите.

Додека го подготвуваше оброкот, новинарката го праша Хавиер како се викаат свињите од кои се парчињата месо, а готвачот даде одговор кој не им се допадна на навивачите на Реал.

„Камавинга, Бензема и Модриќ. Ние сме Атлетико, така е како што е“, изјави Хавиер.

- Оглас -

Најнови вести